3.8 C
Skopje
петок, декември 8, 2023

Зеленски: Оваа руска војна против Украина и цела слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим.

„Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

„Црноморскиот регион не може да биде безбеден се додека Крим е окупиран“, рече тој. „Нема да има стабилен и траен мир во многуте земји на брегот на Средоземното Море се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база.

„Оваа руска војна против Украина и цела слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим – неговото ослободување“, рече Зеленски.

Претходно во вторникот беа пријавени експлозии во руска воена база на полуостровот на Црното Море, а владата во Киев соопшти дека не е одговорна.

„Њујорк тајмс“ објави дека украинската војска нападнала тамошна клучна руска воздушна база со непознато оружје.

Крим е под контрола на Москва откако Русија го анектираше полуостровот во 2014 година.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img