spot_img
20.8 C
Skopje
сабота, август 6, 2022
spot_img

Украина: Непријателот спроведува офанзивна операција во правец на Бахмут и Авдивка во областа Доњецк

Непријателот спроведува офанзивна операција во правец на Бахмут и Авдивка во областа Доњецк“, се наведува во извештајот. „Целта на притисокот е да се позиционираат руските сили за да ги нападнат Соледар и Бахмут и да ја прошират руската контрола западно од градот Доњецк“, се додава.

Соледар и Бахмут се дел од одбранбената линија источно од големите градови Славјанск и Краматорск, каде пред војната живееле повеќе од половина милион луѓе. Тоа е последниот регион кој сè уште е под контрола на украинските сили во поширокиот источен регион Донбас.

Во извештајот на Генералштабот се наведува дека нападот на руските сили кај Бахмут бил неуспешен и дека борбите продолжуваат на приодите кон Авдивка, северно од градот Доњецк. Извештајот не може да биде независно потврден, но е во согласност со претходните извештаи за зголемени борби во регионот по краткото затишје.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести