Порача синоќа премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, обраќајќи се на собир во Далас.
Тој не се осврна конкретно на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој навести дека повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година, но ги критикуваше Барак Обама, Џорџ Сорос и глобалистите..
-Одлучивме дека не ни се потребни повеќе полови, потребни ни се повеќе ренџери. Помалку дрег кралици, а повеќе Чак Нориси. Веруваме дека нема слобода без ред. Доколку нема ред, добивате хаос,, додаде Орбан и доби стоечки овации откако го прочита делот од унгарскиот устав во кој стои дека бракот е врска само помеѓу маж и жена.
Од Белата куќа кажаа дека претседателот Џо Бајден нема да има средба со Орбан, бидејќи тој дошол во САД со приватна покана.