spot_img
23.8 C
Skopje
сабота, август 6, 2022
spot_img

Николоски: Власта не му дозволи на народот да прославува на Мечкин Камен

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во емисијата Вечерашно шоу со Богдан Илиевски на телевизија Алфа детално објасни околу злоупотребата на прославата на 2ри Август Илинден во Крушево, за кој рече дека владата на СДСМ се обидела целиот настан да го партизира глумејќи патриоти за кој како што рече Николоски не смее да се заборави дека истата таа влада пред месец дена потпиша договор со кој се откажуваат од Илинденското востание, дека зборуваме на јазик кој е дијалект на бугарскиот јазик, како и дека немаме историја и сме вештачки настаната нација.

-Условно кажано бев и учесник во дел од тоа што се случуваше затоа што се обидував да најдам разум кај владиниот протокол кој што работи по наредба на врхушката на власта, да не се лажеме, кај полицијата и кај обезбедувањето, официјално и неофицијално кај параполицијата, кај сета таа болумента која што беше таму, се обидував да најдам минимум разбирање да го пуштат народот да ја прослави манифестацијата. Ако ми дозволите во неколку минути би сакал да објаснам што се случуваше утрово во Крушево. Значи ние како ВМРО-ДПМНЕ без разлика на јасниот обид кој што постоеше од власта да се партизира манифестацијата сепак одлучивме да учествуваме, затоа што се надевавме дека ќе успеат да се надминат себе иако имаше информација уште од претходните денови дека притискаат партиски членови на сила да одат на Мечкин Камен, организираат автобуси, а во исто време дека ќе ги спречуваат сите оние кои што сакаат доброволно, затоа што го ценат празникот да отидат и да ја проследат манифестацијата. Но, независно ВМРО-ДПМНЕ имаше своја делегација која што покрај мене беше пратеникот и член на Извршниот комитет, Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска. Утрото се беше нормално, освен што имаше една измена во манифестацијата. Имено манифестацијата секогаш почнувала некаде околу 10 часот и во слет оделе работите, а сега почна порано па имаше пауза помеѓу првиот и вториот дел на програмата. Првиот дел на програмата е посета на Македониумот, посета на гробот на Никола Карев, претседател на Крушевската Република и на месноста Слива каде што востаниците го бранат Крушево. После тоа има панихида за загинатите востаници, и после тоа се оди на Мечки Камен, и сето тоа било поврзано во еден слет. Јас секоја година одам на Крушево традиционално, не само сега како потпретседател на партијата и претходно откако знам за себе на 2ри Август одам во Крушево, нагласи тој.
-Драмата почна кога тргнавме кон Мечкин Камен. Прво, владината делегација чудно брзо ја напушти централната црквата во Крушево Св. Никола во која имаше панихида за загинатите востаници и ја водеше лично дедо Петар кој што е надлежен митрополит во целиот тој регион, и наместо да се поздрават со дедо Петар тие заминаа, ние останавме се поздравивме, поразговаравме, и практично после сфативме зошто избегаа од нас. Кога тргнавме накај Мечкин Камен, јасно беше дека полицијата во оној дел го знаат крушевчани добро, а и на љубителите на екстремни спортови каде што се полетува со параглајдер дека тука беше запиран народот, и тука имаше да не претерувам имаше преку 10.000 луѓе. На почеток помисливме дека се работи за луѓе кои што поспоро движат, но подоцна сфативме дека тие луѓе воопшто не можат да се движат, за подоцна да добиеме информација дека воопшто не се пропуштаат тие луѓе, затоа што не се на официјалната протоколарна листа. Јас тука застанав, реагирав кај соодветните таму кој што го правеа редот и ми беше ветено дека ќе бидат пуштени луѓето. Но, за жал не беа пуштени луѓето, а малку подолу беа паркирани 10тици автобуси полупразни од кои што излегуваа овие партиски активисти. Кога се стигна на Мечки Камен така една фризирана атмосфера, владината делегација се намести и мислеа дека ќе поминат со аплауз и овации и имаше и аплауз и овации од тие кои што беа донесени со автобуси, но оние луѓе кои што успеа да се пробијат и покрај тоа што полицијата им забрани, дел низ шумата ми кажуваа дека патувале, го искажаа тоа што го мислат за власта, тоа беше еден силен револт, вели Николоски и додаде:
-После тоа пристапивме ние, нормално си имаа овие од СДСМ организирано „топол пречек“ за нас кои што се обидоа подоцна да го спинуваат во јавноста дека имало наводно свирежи, а всушност се работење за 100тина луѓе кои што беа по партиска команда на разни директори и директорчиња, почнувајќи од директорот на Македонија пат познат по тоа што набави битумен за 9 милиони евра во кои чиста заработка е 4 милиони евра и ќе го има најскапиот транспорт на планетава, затоа што веројатно ќе се транспортира од Шведска во Македонија 11.000 евра по цистерна. Така што тој беше таму, имаше различни други директори и директорчиања. Тие беа тие што го правеа нередот, останатиот дел од народот беше мирен. Кога стигнавме таму нормално немаше за нас место каде да седнеме, очекувано нели затоа што сме од ВМРО-ДПМНЕ, па на неколку од протоколот навистина им беше непријатно носеа столчиња, ние одбивме и стоевме во шумата и почекавме да ни дојде редот да положиме свежо цвеќе и ние таму не бевме заради владата, туку бевме да искажеме почит на Питу Гули и на оние кои што загинаа со него бранејќи ја Крушевската Република, истакна Николоски.
-Имајќи во предвид целиот контекст на манифестацијата јасно беше дека таму простор за заедничка прослава нема. Во меѓувреме не беше дозволено на неколку луѓе кои што беа од нашата делегација да воопшто пристапат, беа однесени позади барикадите и чувани со полиција, вклучувајќи и мои блиски соработници и членови на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево. Тука јас интервенирав повторно, буквално беше на рап на инцидент и финално сфатив дека на екипата на Алфа не и беше дозволено да ја проследат манифестацијата беа ставени во еден ќош позади барикадите и не смеа да мрднат од таму. И кога се заканив дека ќе направам скандал по однос на таа работа и дека тука ќе положиме цвеќе наместо според официјалниот протокол, само на екипата на Алфа и беше дозволено да пристапи кон местото, но со сериозно закаснување, објасни тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести