spot_img
18.8 C
Skopje
петок, август 5, 2022
spot_img

Столтенберг: Гледаме напади врз цивили и уништување што не е забележано од Втората светска војна

„Гледаме напади врз цивили и уништување што не е забележано од Втората светска војна“, рече тој денеска во Норвешка.

Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзината борба против Русија, но призна и дека оваа поддршка има своја цена, пишува Гардијан.

„Ја плаќаме цената за поддршката на Украина. Плаќаме за воена, хуманитарна и финансиска поддршка, за санкции кои доведоа до инфлација и повисоки цени во нашите земји“, рече шефот на НАТО.

„Но запомнете, цената што ја плаќаме може да се мери во пари. Цената што ја плаќа Украина се мери со човечки животи. Секој ден има стотици убиени или повредени“, додаде тој.

„Светот во кој Путин го добива она што го сака преку воена сила е поопасен свет и за нас. Ако Русија победи во оваа војна, ќе има потврда дека насилството функционира. Тогаш другите соседни земји би можеле да бидат следни“, заклучил Столтенберг.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести