Се планира промена во издавањето туристички визи за руските граѓани, објави Yle.
Финското Министерство за надворешни работи подготвува мерки за кои ќе се разговара на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на крајот на месецот, изјави шефот на финската дипломатија за споменатото радио.
„Не е доволно Финска сама да донесе таква одлука, туку мора да има исти насоки низ Шенген зоната“, посочи Хаависто. Парламентарците од целиот политички спектар го поддржаа овој потег, забележува Yle, додавајќи дека тоа е производ на руската агресија против Украина која започна во февруари.
Финска ја дели границата со Русија долга 1.340 километри, најдолга од сите земји на ЕУ. Според Yle, до сега руските туристи можеа да влезат во Шенген зоната со автобус или автомобил преку финската граница.