spot_img
18.8 C
Skopje
петок, август 5, 2022
spot_img

Казни и по 500 евра за мажите без маици и жените во бикини

Имено, во некои градови не е дозволено туристите да покажуваат премногу изложена кожа, а доколку решат да не го почитуваат законот, следуваат високи прекршочни казни.

На одмор луѓето главно се облекуваат лежерно, особено ако планираат да го поминат денот на плажа. Со новиот топлотен бран, Луцифер, кој се шири низ Европа и неподносливите температури, не е ни чудо што мажите ги соблекуваат кошулите, а жените облекуваат бикини. Меѓутоа, доколку тоа го се случи сега во Италија, постои ризик од казна и до 500 евра.

На пример, крајбрежниот град Соренто, во близина на островот Капри, воведе нов закон. Ако ве фатат како се шетате без кошула, треба да платите. Градоначалникот Масимо Копола ја објасни новата регулатива на „Инстаграм“:

 Со забраната сакаме да го заштитиме и подобриме квалитетот на животот и пристојноста во центарот на градот и на јавните места – напиша тој и практично му објави војна на трендот топлес за мажи и бикини за жени.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести