spot_img
18.8 C
Skopje
четврток, август 4, 2022
spot_img

ДРАМА: Си ја убил сопругата, па со парите од осигурувањето си ја шета љубовницата

Лоренс Рудолф (67) пред речиси шест години ја застрелал Бјанка Рудолф со сачмарка и измамил неколку осигурителни компании, од кои зел повеќе од 4,8 милиони долари животно осигурување.

Тој и понатаму останува на ставот дека е невин и дека пушката пукнала случајно, пишува CNN.

„Не ја убив сопругата. Не можев да ја убијам сопругата. Не би ја убил сопругата“, изјавил Рудолф пред поротниците минатата недела на неговото судење во Денвер.

војката Феникс биле страсни ловџии на крупен дивеч и отпатувале во Замбија во септември 2016 година за Бјанка да додаде леопард во својата колекција. При ловот користеле две пушки: Ремингтон.375 и пушка Браунинг.

Бјанка Рудолф била застрелана во нејзината кабина во националниот парк Кафуе две недели подоцна, додека се пакувала за да се врати дома. Рудолф им рекол на истражителите дека во зори, додека бил во бањата, слушнал истрел и дека верувал дека неговата сопруга случајно се застрелала со сачмарката додека ја ставала во кутија. Тој им рекол на инспекторите дека ја нашол како крвари на подот.

Но, за време на судењето, обвинителите изјавиле дека се работи за убиство со умисла и дека Рудолф ја убил својата сопруга со која била во брак 30 години за парите од осигурувањето и за да може да биде со својата љубовница, Лори Милирон.

Судот, исто така, ја прогласил Милирон за виновна за помагање при убиство, попречување на правдата и две точки од обвинението за лажно сведочење врз основа на нејзиното сведочење пред поротата. Милирон рекла дека двојката имала отворена врска и живееле заедно од 2017 година до апсењето на Рудолф минатата година.

ФБИ тврди дека Рудолф ја убил својата сопруга за да ги измами осигурителните компании и да живее со својата девојка.

Бјанка и Лоренс Рудолф се преселиле од Пенсилванија во Аризона околу четири години пред нејзината смрт. Стоматолошката ординација на Рудолф останала во Пенсилванија, а тој патувал до неа од неговиот дом во Феникс.

Федералните власти се вклучиле во истрагата откако пријателката на Бјанка побарала од ФБИ да ја истражи нејзината смрт. Таа изјавила дека Лери Рудолф имал вонбрачни афери и девојка кога неговата сопруга починала.

Милирон работела како менаџер во стоматолошката ординација на Лари Рудолф во близина на Питсбург и ѝ кажала на поранешната вработена дека се забавувала со него околу 20 години. Милирон се преселила кај Рудолф три месеци по смртта на Бјанка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести