26.8 C
Skopje
петок, јули 12, 2024

Топлотна апокалипса низ Европа (ВИДЕО)

Температурите би можеле да достигнат рекордни нивоа во 15 региони во југозападна Франција. Пожарникарите се борат со шумски пожари, а илјадници луѓе се принудени да се евакуираат. Поради пожарите во Шпанија, Португалија и Грција, уште илјадници луѓе се евакуирани, јави Би-Би-Си.

Рекордни температури се очекуваат и во Обединетото Кралство. За прв пат во историјата таа земја е прогласено т.н црвено предупредување за екстремна топлина.

Во последните денови повеќе од 16.000 луѓе се евакуирани поради шумските пожари во Франција, а властите подготвија засолништа за евакуираните. Жиронд, популарен туристички регион во југозападна Франција, е особено погоден. Пожарникарите се обидуваат да ги стават под контрола пожарите во кои од минатиот вторник изгореа над 14.000 хектари.

Новинарите на Би-Би-Си се придружија на конвојот новинари кои посетија шумска област недалеку од брегот, каде туристите ги напуштија камповите пред неколку дена поради пожарот.

Отпрвин, облаците од чад можеле да се забележат во и над шумата, но ситуацијата изгледа релативно под контрола. Но, колку подалеку се оди, ситуацијата се влошува.

„Одеднаш видовме бескрајни огнени џебови покрај патот. Горат дрвја. Пожарникарите се на страната на патот и постојано се обидуваат да ги локализираат најсериозните пожари. Тие се обидуваат да спречат пожарот да се прошири преку патот. Работата е пеколна, а чадот е сеприсутен“, вели репортерот на Би-Би-Си. Шест авиони канадери се обидуваат да ги изгаснат пожарите, додава новинарот.

Жан-Лук Глизе, претседател на регионот Жиронд, изјави за Би-Би-Си дека пожарите се уште се шират во Ла-Тест-де-Буш и Ландирас поради топлото и ветровито време, што им отежнува на пожарникарите да ги изгаснат.

„Тие мора да се борат со пожарот што само се шири и се шири“, рече Глејзе, додавајќи дека ќе бидат евакуирани уште села.

Поради топлотниот бран, метеоролог во интервју за АФП предупреди на „топлинска апокалипса“ во некои делови на југозападна Франција.

Шпанија и Португалија пријавија повеќе од 1.000 смртни случаи како резултат на екстремните горештини во последните денови.

Во централната шпанска провинција Замора, која е опустошена од пожари од викендот, во планинскиот венец Сиера де ла Кулебра е пронајдено тело на овчар. Тој е втората жртва на пожарот во Замора. Имено, 62-годишен пожарникар загинал вчера гасејќи го пожарот.

Гори и во североисточниот регион на Каталонија, исто како и на ридовите Мијас кај Малага. Пожарите зафаќаат големи површини во Кастиља и Леон, Галиција и Екстремадура, кои денеска ги посети шпанскиот премиер Педро Санчез.

Пожарите во Португалија се главно под контрола и покрај температурите кои минатиот четврток достигнаа неверојатни 47 степени Целзиусови.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести