5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

Германската економија почна да се подготвува за тешка и неизвесна зима

Германската економија почна да се подготвува за тешка и неизвесна зима поради проблемите со снабдувањето со гас.

Германската индустриска и трговска комора (ДИХК) поради енергетската криза побара во текот на зимата да се намали греењето во канцелариите и производните погони.

„Вработените ќе мора да носат малку подебела облека“, рече претседателот на DIHK, Питер Адријан.

Во Германија е пропишана минималната температура која во зависност од тежината на работата мора да биде помеѓу 12 и 20 степени.

Во другите простории, на пример, мензата или просторот за одмор, температурата мора да биде најмалку 21 степен.

Германските градови исто така моментално анализираат мерки за заштеда на гас.

Така, многу градови најавуваат откажување од осветлување, топла вода, исклучување на фонтаните, како и намалување на употребата на клима уреди.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img