3.8 C
Skopje
среда, ноември 30, 2022

Блинкен: Гледаме како влијанието на руската агресија се рефлектира насекаде

– Гледаме како влијанието на руската агресија се рефлектира насекаде. Тоа можеби придонесе за ситуацијата во Шри Ланка. Загрижени сме поради нејзиното влијание врз целиот свет, истакна Блинкен на прес-конференција во Бангкок.

Тој повторно побара од Русија да дозволи извоз на околу 20 милиони тони жито од Украина.

– Констатираме растечка прехранбена несигурност низ целиот свет,што е значително влошена од руската агресија врз Украина, наведе Блинкен.

Тој посочи и дека тоа влије и врз Тајланд каде е зголемена цената на вештачките ѓубрива.

– Тоа е важно, особено во динамична земјоделска земја како Тајланд, бидејќи недостатокот на ѓубрива ќе доведе до пад на приносот на земјоделските култури следната недела, а постои и ризик од зголемување на цените, посочи американскиот државен секретар.

Блинкен е во посета на Тајланд, најстариот сојузник на САД во регионот, а пристигна по состанокот на Г-20, што се одржуваше на индонезискиот остров Бали. /МИА

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img