12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Ковачки: Народот јасно ја повикува владата и државното раководство да каже НЕ на ултиматумот

Денеска е седмиот ден откако гласно кажа народот НЕ на ултиматумот, НЕ благодарам на понижувачкиот предлог од страна на Бугарија, изјави Драган Ковачки пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од протестот пред владата.

Тој рече дека се почнува со блокади на неколку места низ Република Македонија.

– Народот јасно ја повикува владата и државното раководство да каже НЕ на ултиматумот. Власта да не се обидува преку обиди во Парламентот да протурка нешто, каде што имаат гласачка машинерија од група на пратеници за кои што знаеме дека ќе гласаат во склад со нивните барања, изјави Ковачки

Потенцира дека власта треба да е одговорна пред овој народ.

– Власта не смее да ги распродава националните македонски интереси, туку е должна истите да ги брани, нагласи Ковачки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести