spot_img
5.8 C
Skopje
петок, септември 23, 2022
spot_img

Француската влада планира целосно да го национализира производителот на електрична енергија

Француската влада планира целосно да го национализира производителот на електрична енергија ЕДФ, објави во средата премиерката Елизабет Борн.

„Денес ви потврдувам дека државата има намера да контролира 100 отсто од капиталот на ЕДФ“, рече Борн во говорот во долниот дом на парламентот, наведувајќи ги приоритетите на новата малцинска влада.

Можноста за префрлање на ЕДФ во државни раце беше навестена оваа година од претседателот Емануел Макрон, кој сака да го искористи како главен лост за огромни инвестиции во нови нуклеарни реактори.

Во својот говор, премиерката не прецизираше дали владата ќе ја национализира компанијата преку посебен закон или со откупување на акциите на малцинските акционери, ниту пак прецизираше конкретен датум, забележува Ројтерс.

Државата моментално поседува 84 отсто од акциите во компанијата, која доцни со изградбата на нови нуклеарни централи во нејзината матична земја Франција и во Британија и ја нарушува нејзината финансиска структура.

Проблеми предизвикува и корозијата на „старите“ нуклеарни реактори, па половина од нив беа принудени да се исклучат.

А владата си ја отежна позицијата со одредба според која мора да им продава струја на конкурентите со попуст, во период на рекордно високи цени.

ЕДФ проценува дека нивниот профит ќе падне за 18,5 милијарди евра поради намаленото производство. Попустот треба да ги чини 10,2 милијарди евра. Истовремено, проценуваат дека нивниот долг годинава ќе се зголеми за 40 отсто и ќе надмине 61 милијарда евра.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести