3.8 C
Skopje
среда, декември 6, 2023

Еве колку се безбедни Хургада и Мармарис по појавата на ајкули

По Хургада во Египет, и во Мармарис во Турција, и двете меѓу најпопуларните дестинации за македонските туристи, се појави ајкула… На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како таа плива во плитко во турското летувалиште каде што се капат голем број туристи, а отккао ќе ја забележат, еден од капачите почнува да ја удира по главата со нешто налик на гребло. По неколку удари, ајкулата отпливала подалеку од децата и капачите. Снимката се прошири со брзина на светлината откако само пред три дена две жени настрадаа од водниот ѕвер во познатото египетско летувалиште Хургада.

Едната е 68 годишната австријка, која го загубила животот откако според локалните медиуми го прескокнала базенот со корални гребени, кој е во небезбедна зона и се капела во 8 часот навечер, време кога големите риби се хранат..  Втората жртва пак, е 40-годишна ромака, која според информациите пливала соголема количина храна за риби, која можно е да го привлекла грабливецот..  По двата крвави инциденти, египтеските власти ја затворила плажата во Хургада. 

Напади од ајкули овие денови се регистрирани и ширум светот. Во еден од нив, во близина на Флорида, 18 годишна американка остана без една нога.

Во период кога од неколку држави ни доаѓаат вести за блиски средби на луѓе и ајкули во близина на плажите, познавачите апелираат до туристите да ги почитуваат правилата и да не го ризикуваат сопствениот живот во авантура која што може да донесе смртоносен исход. Од исклучителна важност е да се почитува забраната за пливање во море по времето до кое е дозволено, како и избегнување на пливање во небезбедна зона.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img