Полицаец од Јужноафриканската Република го застрелал својот 10-годишен син за кој мислел дека е сомнително лице кое се обидело да упадне во куќата, јавува Дневни аваз.
Непознат полицаец од јужноафриканскиот град Дурбан бго разбудила врева што доаѓала од приземјето на куќата. Слегувајќи надолу, на прозорецот забележал „сомнително лице“, пренесуваат медиумите.
Полицаецот пукал, а дури подоцна сфатил дека личноста во која пукал е неговиот 10-годишен син.
Детето, кое се здобило со повреди на градниот кош и стапалата, починало во болница.