spot_img
15.8 C
Skopje
недела, мај 22, 2022
spot_img

Столтенберг разговарал со Ердоган за барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека со турскиот претседател Ердоган разговарал за барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО.

Столтенберг на социјалните мрежи објави дека имал телефонски разговор со Ердоган.

Нагласувајќи дека Турција е важен сојузник, Столтенберг рече дека со Ердоган разговарал за политиката на отворени врати на НАТО и за барањата на Шведска и Финска за членство во алијансата.

„Се согласуваме дека безбедносните грижи на сите сојузници треба да се земат предвид и да продолжат разговорите за да се најде решение“, рече Столтенберг.

Високите претставници на Финска и на Шведска во наредните денови треба да ја посетат Турција со цел во Анкара да одржат официјални разговори за прашањето за процесот на нивното приклучување во НАТО.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести