Најмалку 40 лица, од кои 10 тешко повредени во торнадо кое удри на неколку места на север на Германија.
Најмногу повредени се во градот Падерборн кој се наоѓа помеѓу Франкфурт и Хамбург. Во тој регион поради последици од невреме сопрен е железничкиот и патниот сообраќај.

Во Липштат торнадото нанел голема материјална штета корнејќи дрвја, а ветрот однел кров од локална црква, пренесува Bild.
“Во невремето се повредени околу 40 луѓе, од кои 10. се потешко“, се наведува во соопштение на гратската полиција.

“Кровови разнесени километри далеку или се оштетени. Многу стебла лежат врз оштетените автомобили“, соопштила.