Повратен авионски билет од прва класа од Сан Франциско до Франкфурт моментално е најскап на понудата на авиокомпанијата Луфтханза и постојано се распродава.
Извршниот директор на германската авиокомпанија Карстен Спoр ја наведе цената на авионскиот билет како илустрација дека компанијата закрепнала по пандемијата на Ковид побрзо од очекуваното.
Најскапиот билет на авиокомпанијата моментално е 24.000 долари (околу 22.740 евра) за повратно патување Сан Франциско-Франкфурт (SFO-FRA) во прва класа.
Спoр во воздухопловниот клуб Вашингтон изјави дека Луфтханза може да се пофали со добри резултати, особено на летовите за Северна Америка.
Како резултат на тоа, Луфтханза го зголеми бројот на дестинации до кои лета во САД на 25, што е многу повеќе отколку пред пандемијата.
Германската авиокомпанија се фокусира на доверливоста и точноста, карактеристики кои се компромитирани поради недостаток на персонал.