spot_img
26.8 C
Skopje
петок, мај 20, 2022
spot_img

Регистрирани се 86 нови случаи со КОВИД-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи со КОВИД-19 и 87 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 18 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително е регистрирано едно починато лице од Демир Капија (74г),починато во болнички услови. Лицето е починато на 29.04.2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Од 86 новозаболени од Скопје се 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2, Кавадарци, Велес, Охрид, Струмица, Кочани и Крива Паланка – по 1.

Од 87 оздравени пациенти од Скопје се 58, Битола – 8, Кавадарци – 6, Охрид – 4, Гостивар, Кочани, Струга и Гевгелија – по 2, Ресен, Радовиш и Демир Хисар – по 1.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести