spot_img
13.8 C
Skopje
вторник, мај 17, 2022
spot_img

Пропадна првиот круг за избор на нов претседател на Албанија

Пропадна првиот круг за избор на нов претседател на Албанија. Собранието не достави предлози за нов албански претседател до првиот рок, кој истече вчера во 16 часот, објави Еуроњуз Албанија.

Првиот круг од гласањето требаше да се одржи денеска во 17.00 часот.

Шефот на пратеничката група на Социјалистичката партија на Албанија, Таулант Бала, по средбата со поранешниот пратеник Месил Додо и поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу, рече дека се постигнати неколку договори за избор на нов претседател, но дека не уште е прецизирано.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести