spot_img
13.8 C
Skopje
вторник, мај 17, 2022
spot_img

Ердоган: Турција не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО

Инаку, шведското Министерство за надворешни работи објави дека официјални лица од Финска и Шведска наскоро ќе отпатуваат во Турција за да разговараат за приговорите на Анкара за нивното членство во НАТО.

Меѓутоа, Ердоган вели дека дипломатите не треба ни да доаѓаат во Турција за да се обидат да ја убедат да ги одобри нивните кандидатури за НАТО.

„Прво, ние нема да го поддржиме приемот во НАТО за оние земји кои воведуваат санкции кон Турција“, вели Ердоган, пренесе „Alarabya News“.

„Турција не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, без навреда, тоа е невозможно. Како да им веруваме? Шведска е плодна почва за терористички организации“, додава тој.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави претходно во понеделник дека нејзината земја ќе поднесе барање за приклучување кон НАТО.

„Владата одлучи да го информира НАТО за волјата на Шведска да стане членка на Алијансата. Напуштаме една ера за да влеземе во нова“, рече Андерсон, еден ден по објавувањето на кандидатурата на Финска.

Соседната Финска во неделата потврди дека официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.

НАТО и САД велат дека се убедени дека Турција нема да го запре членството на Финска и Шведска. Секоја одлука за влез во НАТО бара одобрение од сите 30 членки на алијансата и нивните парламенти.

„Земјите кои го поддржуваат тероризмот не треба да бидат сојузници во НАТО“

Турција минатата недела соопшти дека има приговори за влезот на двете земји во НАТО, обвинувајќи ги дека ги поддржуваат курдските милитанти кои Анкара ги смета за терористи и дека не екстрадирале десетици осомничени терористи.

„Земјите кои го поддржуваат тероризмот не треба да бидат сојузници во НАТО“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во неделата, додавајќи дека Турција бара Финска и Шведска да престанат со „поддршката на терористичките групи“

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести