spot_img
13.8 C
Skopje
понеделник, мај 16, 2022
spot_img

Столтенберг: Македонија како најнова членка на НАТО, силно ја поддржува политиката на отворени врати, а со тоа аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО

Тој смета дека тоа ќе ја зголеми безбедноста во неговата држава, а финската премиерка кажа дека се надева на позитивна одлука во Парламентот, која во овој случај повеќе ќе биде формалност. Прашан за тоа што очекува да се случи во односите со Русија , откако вчера неговиот руски колега Путин во телефонски разговор му порача дека би било грешка ако Хелсинки се придружи на НАТО тој одговори дека во иднина  односите меѓу двете земји ќе се променат, но ќе биде неопходно тие да соработуваат .

„ Во иднина опишав дека односите меѓу Русија и Финска сигурно ќе се променат. Сигурен сум дека Русија размислува на сличен начин, но како што реков има секојдневни прашања каде што треба да бидете способни да соработувате кога интересот е заеднички, како безбедноста на водите во заливот во Финска.“

Освен Финска, барање за членство во НАТО се очекува да поднесе и Шведска. На оваа тема се дискутираше на Самитот на министрите што се одржува во Берлин. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по состанокот изјави дека е убеден оти ќе се постигне консензус околу загриженоста на Турција во врска со пристапувањето на Финска и Шведска во Алијансата. Тој потенцираше и дека одблиску ги следат реакциите на Русија во целиот процес.

„ Јасно е дека ние многу внимателно го следиме  она што го прави Русија и секако сме подготвени да го следиме одблиску доколку Русија сепак се обиде да изврши секаков вид на хибридни, сајбер напади против која било земја од НАТО Алијансата. Свесни сме и дека и Финска и Шведска се загрижени за периодот во процесот на зачленување. Ќе се обидеме да го забрзаме тој процес што е можно повеќе. “

Пред почетокот на состанокот, и македонскиот министер за надворешни работи изјави дека Македонија силно ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и аспирацијата на Шведска и Финска за членство во Алијансата.

 „Македонија како најнова членка на НАТО, силно ја поддржува политиката на отворени врати, а со тоа аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО, што претставува важен чекор за севкупната евроатлантска безбедност. Исто така, Западен Балкан ќе биде неизбежен дел од идната европска безбедносна архитектура.

На состанокот во Берлин се разговара и за руската агресија врз Украина, а  неодминлива тема беше и синоќешната победа на Украина на Евровизија. Заменик ген сек на НАТО им  ја честиташе победата и кажа дека вчера се видела огромната јавна поддршка ширум Европа и Австралија за храброста на Украина. Честитики за евровизиската победа до натпреварувачите испрати и украинскиот претседател Зеленски и најави дека ќе дадат се од себе наредна година манифестацијата да се одржи во Мариупол.

Инаку, од италијанската полиција информираа дека спречиле хакерски напади на проруски групи за време на полуфиналето и финалето на Евровизија во Торино.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести