spot_img
13.8 C
Skopje
понеделник, мај 16, 2022
spot_img

САД: Не е на Русија да одлучи дали Шведска и Финска ќе влезат во НАТО

Не е на Русија да одлучи дали Шведска и Финска ќе влезат во НАТО, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој ова го изјави откако претседателот на Русија, Владимир Путин, предупреди дека приклучувањето на Финска во Северноатлантската алијанса би било „грешка“, пренесе Би-Би-Си.

Финскиот претседател Саули Нинисто денеска потврди дека неговата земја ќе поднесе барање за членство во Северноатлантската алијанса.

И Шведска се приближува кон одлуката за влез во НАТО.

Претходно министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека доколку Финска влезе во НАТО, Русија ќе мора да преземе одмазднички чекори, и воени и други, за да ги запре заканите за националната безбедност на Русија.

Во писменото соопштение на Министерството се нагласува дека одлуката на Финска да поднесе барање за влез во НАТО се опишува како „радикална промена“ во надворешната политика на оваа земја.

Се наведува дека децениската воена политика на неврзаност на Финска ѝ служела на стабилноста во Северноевропскиот Регион и ја обезбедувала безбедноста на Финска.

Исто така, се посочува дека намалувањето на улогата на воениот фактор на нула е основа на соработката и партнерството меѓу Русија и Финска.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести