spot_img
13.8 C
Skopje
понеделник, мај 16, 2022
spot_img

Познат српски пејач направи хаос и избоде членови на својот бенд

Како што дознава порталот, немало масовна тепачка, како што се верувало во првите моменти, туку познатиот пејач на крајот од настапот се скарал со членовите на својот бенд.

„Тие излегле пред клубот, а потоа пејачот нападнал двајца членови на неговиот бенд и ги избодел со нож и двајцата“, изјавил извор за Нова.рс. Инцидентот се случил ноќеска околу еден часот по полноќ во кафулето Регент, во населбата Стара радничка колонија.

Пред инцидентот имало вербална пресметка, а изворот вели дека сите биле видно алкохолизирани. Во тепачката што следела, тој на мажите им нанел повеќе убодни рани во градите, стомакот, рацете и нозете. Нападнатите се во животна опасност.

Полицијата го уапсила пејачот и го однела во болница на преглед. Во таа прилика се обидел да им побегне и нападнал полицаец. Нему му е одреден притвор од 48 часа, објави Нова.рс..

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести