spot_img
13.8 C
Skopje
понеделник, мај 16, 2022
spot_img

Во Србија во следните 60 дена нема да смее да поскапи брашното и лебот

Министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ изјави дека на полиците на продавниците има се. Тој додаде дека во наредните 60 дена лебот, брашното тип 400 и брашното тип 500 во килограм и пакување од пет килограми сигурно нема да поскапат.

„Донесовме одлука за следните 60 дена, но Владата има право да интервенира доколку смета дека има одредени пореметувања на пазарот. Постојат сите шанси да има целосен циркус на светскиот пазар за жито поради конфликтот во Украина“, рече Недимовиќ.

Во Србија нема стравувања, како и во некои други земји, каде има проблеми со брашното, млекото и сончогледот, истакна Недимовиќ.

Недимовиќ за РТС изјави дека државата интервенирала и му помогнала на мелничко-пекарскиот сектор со поевтина пченица од стоковите резерви и на тој начин ги компензирала сите загуби што може да ги имаат.

Тој посочува дека и понатаму смета дека била добра одлука да се забрани извозот на 45 дена.

„На светскиот пазар на жито владее хаос и требаше да ја балансираме нашата ситуација, да ја спасиме Србија, да имаме доволно ресурси. Замислете ситуација Србија да ја извезе целата пченица и брашно што ги има за три дена. Што би останало за Србија, што би правеле?“, нагласува Недимовиќ.

Посочи дека од следната реколта очекува над 3.400.000 тони пченица, што е еден од подобрите приноси по хектар.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести