36.8 C
Skopje
недела, јуни 23, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: 62% од граѓаните сметаат дека Ковачевски работи лошо, владата со историски најслаба доверба, ги чека дебакл на изборите

62% од граѓаните сметаат дека Ковачевски работи лошо, владата со историски најслаба доверба, ги чека дебакл на изборите.

62% од граѓаните сметаат дека Ковачевски е лош премиер, кажуваат резултатите од анкетата на ИПСОС. Од тие 62%, 38% сметаат дека Ковачевски е лош премиер, а 24% дека е многу лош премиер и не се задоволни од неговата досегашна работа.

Ставот на граѓаните за Ковачевски е уште еден сигнал за него зошто треба да си замине час поскоро, и да не чека, тукј веднаш да распише предвремени парламентарни избори.

Резултатите од анкетата јасно покажуваат и кој ќе биде победник на тие предвремени парламентарни избори, и која ќе биде разликата. Имено според истражувањето на ИПСОС, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 22% од граѓаните, а за СДСМ 12.9%.

Јасна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а таа е скоро 2:1.

СДСМ знаат дека катастрофално ќе загубат, а со секој поминат ден тој пораз за нив ќе биде се поголем, но и штетата за Македонија од нивното пролонгирано останување на власт ќе биде огромна.

Ковачевски, охрабри се, кога народот не те сака чесно е да си заминеш. Предвремени парламентарни избори час поскоро.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести