spot_img
23.8 C
Skopje
недела, мај 15, 2022
spot_img

Стоилковски: СДСМ и Димитар Ковачевски бегаат од лидерска средба за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори кои што се неминовност и според истражувањето на јавното мислење

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарски прашања во однос на резултатите од истражувањето на јавното мислење на ИПСОС каде што ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност и дали е можна  лидерска средба и зошто СДСМ и Ковачевски ја одбиваат истакна дека СДСМ и Димитар Ковачевски бегаат од лидерска средба за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори кои што се всушност неминовност, а истражувањата на јавно мислење на речиси сите анкети покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има речиси двоцифрена предност пред СДСМ.

„СДСМ и Димитар Ковачевски бегаат од лидерската за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори кои што се всушност неминовност. Сите анкети како и денеска објавената анкета и резултатите од анкетата на ИПСОС покажуваат дека државата тоне во катастрофа, граѓаните се незадоволни, а опозицијата има речиси двоцифрена предност пред СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ 22% ,СДСМ 12,9%. Не анкетите туку состојбите катастрофата и ставот на народот е најголемиот импулс за брзи предвремени избори за спас од националната катастрофа. Дозволете ми и да прочитам дел од најзначајните проблеми дури 55% од граѓаните зборуваат за лош стандард, ниски плати, пензии, високи цени, економија, финансии, невработеност, криминал и корупција“, истакна Стоилковски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести