spot_img
23.8 C
Skopje
недела, мај 15, 2022
spot_img

Вучиќ: Околу 25 отсто од светскиот пазар нема да има леб

Претстојната зима за некои ќе биде најтешката во последните 70 години“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Ќе недостига многу храна, има доволно енергенси, но поради лудата политика од сите страни ќе бидат скапи“, изјави Вучиќ на ТВ Прва.

„Околу 25 отсто од светскиот пазар нема да има леб, рече тој и доодаде дека ќе има големи проблеми со нафтата и гасот, нафтата синоќа беше 111 долари за барел, секогаш кога се најавуваат нови санкции, нафтата оди до небо, објасни тој.

Според него, нема извоз од украинските пристаништа, Русија престанала да извезува и житарки, освен во пријателски земји, што значи дека во Европа нема. Тој посочи дека Европа нема да може да ја издржи економијата во рецесија втора или трета година по ред.

„Немојте да се однесувате како ништо да не се случува околу нас, имаме услови на речиси објавена светска војна и светски конфликт, а луѓето мора да разберат дека оваа година трошиме 50 отсто повеќе бензин од лани и 20 отсто дизел“, истакна Вучиќ.

„Понекогаш во овие времиња е попаметно нешто да премолчиме. Се мора да гледаме во контекст на тоа дали ќе имаме гас, нафта, дали ќе можеме да преживееме“, рече српскиот претседател, зборувајќи за можноста Србија да воведе санкции кон Русија.

„Цената што ја плаќаме е огромна. Ние во суштина немаме пристап до пазарот на капитал. А земјите во развој генерално го немаат. Кога ќе ја зголемите каматната стапка, малиот европски раст ќе оди во минус. Кога немаме пристап до пазарот на капитал, прашањето е како да се реши таканареченото превртување, кога имаш ова време и војна во Украина треба да имаш одреден дефицит од 3 до 4 проценти и ќе треба да го покриеш тој дефицит. Како ќе влезеш на пазарот на капитал? – вели тој.

Според него  луѓето мора да знаат колку е комплицирано да се увезува“, рече Вучиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести