spot_img
19.8 C
Skopje
сабота, мај 14, 2022
spot_img

Џо Бајден на средба со лидерите од Југоисточна Азија

Американскиот претседател Џо Бајден средбата со лидерите од Југоисточна Азија ќе ја отвори со ветување дека ќе потроши 150 милиони долари поддршка на нивната инфраструктура, безбедност, подготвеност за справување со пандемијата и други активности насочени за спротивставување на влијанието на ривалската Кина.

Дводневниот самит со Заедницата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) започнува со вечера за лидерите во Белата куќа, пред разговорите во Стејт департментот.

Администрацијата на Бајден се надева дека успее да им докаже на државите од АСЕАН дека Вашингтон останува фокусиран на Индо-тихоокеанскиот регион и долгорочниот предизвик што го претставува Кина.

Пекинг во ноември вети 1,5 милијарди американски долари развојна помош за земјите од АСЕАН, за борба борба против коронавирусот и зајакнување на економското закрепнување по пандемијата.

„Мораме да ја зајакнеме играта во Југоисточна Азија. Ние не бараме од земјите да избираат помеѓу САД и Кина. Но, сакаме јасно да ставиме до знаење дека САД се залагаат за поцврсти односи”, изјави за новинарите висок претставник на американската администрација.

Новата финансиска обврска предвидува инвестирање 40 милиони американски долари во инфраструктура за декарбониизирање на снабдувањето со електрична енергија во регионот, 60 милиони долари за поморска безбедност, како и околу 15 милиони американски долари помош за рано откривање на Ковид-19 и други респираторни заболувања, појаснува тој

Дополнителни средства ќе бидат наменети за развој на дигитализацијата во стопанството и уредување на информатичката легислатива.

Најавено е и присуство на Американската крајбрежна стража во регонот како поддршка на локалните флоти во справување со она што државите од АСЕАН го посочуваат како илегален кинески риболов.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести