Министрите за надворешни работи на богатите земји од Групата седум (Г7) денеска ќе се сретнат во германското одморалиште Вајсенхаус на Балтичкото Море, за да разговараат за ублажување на безбедноста на храната, бидејќи растат стравувањата дека војната меѓу Русија и Украина може да ја дестабилизира Молдавија.
На годишниот состанок, кој ќе трае до сабота, ќе се соберат највисоките дипломати од Велика Британија, Канада, Германија, Италија, Франција, Јапонија, САД и Европската унија.
Во разговорите ќе доминира ситуацијата во Украина и начинот на управување со последиците од конфликтот, кој би можел да трае со месеци, ако не и подолго, пренесува Ројтерс.
„Во моментов во украинското пристаниште Одеса се блокирани 25 милиони тони жито, што значи храна за милиони луѓе во светот на кои им е итно потребна, пред се во африканските земји и на Блискиот Исток. Затоа денеска испраќаме јасен сигнал: ве гледаме, слушаме и ве поддржуваме“, изјави пред новинарите германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.