spot_img
19.8 C
Skopje
сабота, мај 14, 2022
spot_img

Ердоган: Ставот на Турција за влезот на Финска и Шведска во НАТО „не е позитивен“

Турскиот претседател Ердоган денеска изјави дека ставот на Турција за влезот на Финска и Шведска во НАТО „не е позитивен“.

Помошникот државен секретар за Европа и Евроазија изјави за новинарите дека на оваа тема ќе се разговара на министерскиот состанок на НАТО во текот на викендот во Берлин.

“Соединетите Држави работат на разјаснување на позицијата на Турција за потенцијалното членство на Шведска и Финска во НАТО“, изјави денеска помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Карен Донфрид.

“Вашингтон работи на „разјаснување на позицијата на Турција“ откако претседателот Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги блокира Финска и Шведска да влезат во НАТО”, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

“Идниот пристап на двете земји во Алијансата „доби широка поддршка“ од другите земји-членки”, додаде таа.

Турскиот претседател Ердоган денеска изјави дека ставот на Турција за влезот на Финска и Шведска во НАТО „не е позитивен“, што сугерира дека Турција може да стави вето на влезот на две земји во Алијансата, чиј член е Турција.

Претседателот и премиерот на Финска вчера најавија дека ја поддржуваат брзата апликација за членство во НАТО, додека во Шведска денеска на пратениците им беше претставена анализата на шведската Влада, која ќе биде основа премиерката Магдалена Андерсон да одлучи за Членство во Алијансата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести