spot_img
19.8 C
Skopje
сабота, мај 14, 2022
spot_img

Еве колку влезот во НАТО на Финска и Шведска ќе предизвика опасност за нова војна во Европа

Руски напад врз Шведска не е исклучен, се вели во документот објавен ден откако и Финска најави скорешна апликација во НАТО.

-Нашето членство во НАТО ќе спречи евентуални конфликти во Северна Европа. Но, важно е Шведска да добие безбедносни гаранции за време на периодот на транзиција за да се намали ризикот од руска одмазда. , вели Ана Линде, министерка за надворешнои работи на Шведска.

Со членството на двете земји во НАТО сериозно ќе се смени безбедносниот пејсаж во Северна Европа. 1.300 километри долгата финска граница со Русија ќе ја удвои границата на НАТО кон Москва и ќе се протега преку источната линија на Балтичките земји на југ до Турција. За воениот експерт Методи Хаџи-Јанев сега во односите НАТО-Русија сите опции се отворени – од статус кво до употреба на сила.

Можеме да очекуваме меневрирање или распоредување на сили кои би имале улога на одвраќање од потенцијален напад, но не е исклучено и да се навлезе на територијата на Финска и Шведска за да се сигнализира на другата страна дека ваквиот чекор на Русија не е прифатлив, вели Методи Хаџијанев, Методи Хаџи-Јанев, професор на Воената академија во Скопје.

По заканата на Русија дека воено-тактички ќе одговори на евентуалните нови НАТО членки на своите граници, Хаџи-Јанев вели дека од развојот на настаните ќе зависи колку далеку може да оди Путин, а со тоа и можноста од употреба на нуклеарно оружје.

-Путин најверојатно ги искористил како крајна опција, не верувам дека би дејствувал предвремено, но ако распореди сили, НАТО ќе мора да реагира и ситуацијата да ескалира многу брзо., вели Хаџи-Јанев.

Путин попладнево одржа седница на Советот за безбедност, посветана токму на потецнијалната безбедносна закана од членството на Финска и Шведска, но детали не се откриваат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести