spot_img
19.8 C
Skopje
сабота, мај 14, 2022
spot_img

Бритни Спирс е зафатена со подготовките за својата венчавка (ФОТО)

Бритни Спирс е зафатена со подготовките за својата венчавка, но ангажирала адвокати да подготват предбрачен договор за да го заштити богатството од 70 милиони долари. Пејачката и нејзиниот вереник Сем Асгари ја објавија свршувачката по петгодишна врска, а минатиот месец потврдија дека го очекуваат своето прво заедничко дете.

Брачен договор

Сепак, според изворот, тие се уште се во процес на пишување на предбрачниот договор пред да се одржи венчавката.

“Разговорите беа малку подолги од вообичаеното. Сем сака значителни зголемувања за секои пет години брак. Бритни му дозволува на својот адвокат да го води потенцијален предбрачен договор бидејќи таа е фокусирана на своето здравје и бременоста, како и со плановите за нивна венчавка”, рекол извор за наводниот договор.

Сем за договорот

Докажувајќи дека се уште е среќен, тој се пошегувал на сметка на предбрачниот договор во објава на Инстаграм, па напишал: „Благодарам на сите што се загрижени за склучување на предбрачен договор. Се разбира, добиваме моќен договор за заштита на мојата колекција на џипови и чевли во случај да ме остави еден ден“.

Обожавателите во паника

Обожавателите на поп принцезата, кои без сомнение ја докажаа својата поддршка со движењето „Слободна Бритни“ и кои подоцна влијаеја на адвокатите да ја ослободат од 13-годишниот надзор за конечно да ја контролира сопствената иднина (и финансиите), сакаат да ја видат заштитена со предбрачен договор.

Актерката Оскаровка Октавија Спенсер коментира: „Натерајте го да потпише предбрачен договор“. Друго лице коментирало: „Сè уште не знам за момчето Сем, затоа заштитете го вашиот имот Бритни! Бидете сигурни да го добиете тој предбрачен договор!“

Друго лице додало: „Ве молам натерајте го да потпише предбрачен договор“, пишува Мирор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести