„Украинските сили оштетија модерен брод на руската морнарица во Црното Море и го запалија“, изјави портпаролот на регионалната воена управа на Одеса во јужна Украина.
Портпаролот Серхи Братчук во соопштение на интернет изјави дека бродот „Всеволод Бобров“ бил погоден во близина на Змискиот остров, на кој последните денови има борби, но не наведува детали, објави Си-Ен-Ен.