spot_img
28.8 C
Skopje
петок, мај 13, 2022
spot_img

Работна средба со претставници на граѓанскиот сектор со цел финализирање на МКД2030

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа работна средба со претставници на граѓанскиот сектор со цел финализирање на Рамката за развој МКД2030, што се изготвува на негова иницијатива.

Посочувајќи на потребата за заедничка платформа која ќе претставува долгорочна визија за развојот и иднината на земјава, претседателот Пендаровски истакна дека се планира МКД2030 да биде платформа за која ќе има национален консензус околу приоритетите каде треба да инвестираме и каде да ги насочиме нашите ресурси, со фокус за иднината, а со цел напредок и подобар живот за граѓаните.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност до присутните за прифаќањето на поканата да дадат придонес во финализирањето на стратешкиот документ и во изнаоѓањето на квалитетни и одржливи решенија за развојот и иднината на Република Северна Македонија.

Денешната работна средба е дел од финалните консултации со истакнати стручни лица од земјава и странство во процесот на изработка на стратешкиот документ. Досега беа реализирани работни средби со претставници од бизнис секторот, експерти од областа на економијата и финансиите, академската заедница, граѓански и меѓународни организации и истакнати професионалци од повеќе области.

Рамката за развој МКД2030 официјално ќе биде промовирана во средината на годинава, и ќе биде доставена до Владата како основа за Националната развојна стратегија 2022-2042.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести