spot_img
27.8 C
Skopje
четврток, мај 12, 2022
spot_img

Косово поднесе барање за членство во Советот на Европа

Официјално барање за влез на Косово и Метохија во Советот на Европа поднесе и министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово и Метохија, Доника Гервала.

По тој повод, претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека Приштина на тој начин уништила уште еден договор што тие го потпишале, а тоа е Вашингтонскиот договор.

Советот за национална безбедност по овој повод утре ќе одржи безбедносна седница.

Вучиќ потсети дека десет години го газеа Бриселскиот договор, а сега после тоа брутално го газеа Вашингтонскиот договор и резолуцијата 12 44.

„Нема да ја признаеме независноста на Косово, но нашиот одговор мора да биде паметен и мудар, да ги зачуваме мирот и стабилноста, да бидеме цврсти, силни и истрајни во заштитата на нашите интереси во желбата да се постигне решение со компромис и да се почитува потпишаното,“ изјави денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ во врска со информациите дека Приштина поднела барање за прием во Советот на Европа.

На прашањето дали се точни тврдењата на Приштина дека имаат две третини во Советот на Европа, Вучиќ рече дека не знае дали имаат мнозинство или не.

„Ако ги избројам сите земји, тоа е 67, 68 до 70 отсто, ако сите кои ја признаа таканаречената независност би гласале за членство“, рече Вучиќ.

Тој изјави и дека ова не е се и дека Приштина наскоро ќе влезе во програмата Партнерство за мир, бидејќи за тоа ја добиле поддршката од Американците.

Според него, во наредните недели српските власти ќе дадат се од себе да покажат дека можат да се борат и да ја заштитат својата земја.

„Ние сме мала, мала слободарска земја која се стреми да го зачува својот суверенитет и правото да одлучува самостојно. Ќе се обидеме да им се спротивставиме на мирен и дипломатски начин по тоа прашање, нашите можности се ограничени, мали, но животот е борба. Ќе се бориме, нема повлекување, нема предавање и затајување на уцени и ултиматуми. Тоа е она што можеме да го направиме“, рече Вучиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести