spot_img
12.8 C
Skopje
среда, мај 11, 2022
spot_img

СЗО: Кога зборуваме за стратегијата за коронавирус со нулта стапка, не мислиме дека е одржлива

„Кога зборуваме за стратегијата за коронавирус со нулта стапка, не мислиме дека е одржлива“, им рече тој на новинарите во Женева.

„Однесувањето на вирусот сега и однесувањето предвидено во иднина бараат поинаква стратегија, рече тој. „Треба да се прилагодиме на околностите“, рече директорот на СЗО за вонредни ситуации Мајкл Рајан.

Кина, според официјалните бројки, имала многу мал број на смртни случаи од Ковид во споредба со нејзината популација.

„Според бројот на починати во февруари и март, имало смисла владата да реагира, рече Рајан, „но сите овие активности, како што повторуваме од почетокот, мора да се преземат со почитување на поединците и човековите права“.

Кон крајот на минатата недела, Кина ја повтори својата континуирана имплементација на стратегијата за нулта стапка, и покрај зголемената фрустрација во Шангај, каде населението, затворено со недели, протестира удирајќи со саксии по прозорците.

Кинеските власти тврдат дека Кинезите живеат речиси нормално од 2020 година и го ограничиле бројот на починати на помалку од 5.000 според официјалните бројки.

Но, варијантата омикрон, која е многу заразна, го смени трендот. Д-р Рајан повика на примена на „динамични, приспособливи и еластични политики“ бидејќи нефлексибилноста може „да предизвика многу штета“.

Марија Ван Керхове, задолжена за следење на борбата против коронавирусот во рамките на СЗО, инсистира на фактот дека денес е невозможно да се запре каков било пренос на вирусот. „Нашата цел на глобално ниво не е да го забележиме секој случај и да го запреме секој пренос. Тоа навистина не е можно во моментов“, признала таа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести