spot_img
12.8 C
Skopje
среда, мај 11, 2022
spot_img

Вучиќ: Јас сум за отслужување војска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека се отворила дебата за враќање на воениот рок, но дека не треба да се брза со заклучоците и дека неговиот став е за отслужување војска.

Во Нерешница, на прашањето за деталите од идејата за редовен воен рок, дали останува обврската за оние кои ќе наполнат 18 години, дали ќе биде ретроактивна и дали има горна старосна граница, Вучиќ посочи дека не може да зборува за деталите бидејќи дебатата е штотуку отворена.

– Само што отворивме дебата, не брзајте со заклучоците. Може и не мора да биде. Го кажав тоа што го мислам. Јас сум за – подвлече тој.

Вучиќ истакна дека има многу аргументи за и против.

– Ова е демократска држава, и во неа мора да се разговара за се. „Кога ќе поминат четири месеци, ќе видиме“, рече тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести