spot_img
11.8 C
Skopje
сабота, септември 24, 2022
spot_img

На Хрватска и недостигаат уште еден милион работници

На Хрватска и недостигаат уште еден милион работници, изјави Дамир Зориќ, генерален директор на Хрватското здружение на работодавачи.

Зориќ истакна дека на хрватскиот пензиски систем му требаат најмалку тројца вработени на еден пензионер.

Тој изјави дека сега соодносот е 1,5:1 и дека некогаш бил речиси 1:1.

Зориќ посочи дека за да се реши проблемот со недостигот од работници, Хрватска треба да стане трудоатрактивна земја и да почнат да доаѓаат луѓе во неа, а друг рецепт нема осигурување за зголемување на нето платите.

Хрватското здружение на работодавачи предложи даночна реформа која, меѓу другото, предвидува намалување на придонесите за пензиско и здравствено осигурување за зголемување на нето платите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести