spot_img
6.8 C
Skopje
среда, мај 4, 2022
spot_img

Шолц: Во случај Финска и Шведска да одлучат да се приклучат на НАТО, можат да сметаат на нашата поддршка

„Нам ни е сосема јасно: во случај Финска и Шведска да одлучат да се приклучат на НАТО, можат да сметаат на нашата поддршка“, рече Олаф Шолц за време на владиниот состанок во палатата Мезеберг во близина на Берлин, на кој беа поканети финската и шведската премиерка Сана Марин и Магдалена Андерсон.

Шолц додаде дека одлуката дали да се приклучат на Атлантската алијанса Финска и Шведска „мора да ја донесат по сопствен избор“. Германскиот канцелар додаде дека „без разлика на одлуката за членство во НАТО“ Финска и Шведска можат да сметаат на целосната поддршка од Германија. На покана на германската влада, Марин и Андерсон присуствуваат на редовниот состанок на владата што се одржува повремено во владината резиденција во замокот Мезеберг северно од Берлин.

По рускиот напад на Украина, Финска и Шведска го интензивираат размислувањето за влез во НАТО. „Нападот врз Украина драстично ја промени нашата безбедносна средина“, рече финската премиерка Марин во Месеберг. Шведската премиерка Андерсон најави дека нејзината влада на 13 овој месец ќе ја претстави безбедносната анализа врз основа на која ќе се одржи јавна дебата за можното членство во НАТО.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести