5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Џони Деп: Јас сум жртва на семејно насилство (ВИДЕО)

На крајот од сведочењето, тој бил испрашуван од неговата адвокатка Камил Васкез, а актерот својата изјава ја завршил велејќи дека бил жртва на семејно малтретирање.

Адвокатскиот тим на актерот како доказ пред судот понудил видео во кое Џони Деп и Амбер Херд жестоко се караат.

„Кажи му на целиот свет, Џони, дека си жртва на насилство. Кажи: Јас, маж, сум жртва на семејно насилство“, му вели Амбер на Џони во видеото.

Што одговори на Амбер на она што го слушнавме? го праша адвокатот.

„Одговорив дека сум“, заклучил актерот.

Џони Деп во последните денови на судење се обидува да докаже дека тој бил жртва на семејно насилство, а не неговата сопруга. Деп тврди дека Херд во жарот на расправија го удирал со стаклено шише кое му отсекло дел од прстот и дека често физички го напаѓала.

Деп донесе на суд видео во кое Амбер признава дека го тепала својот сопруг.

“Ти удрив шлаканица, не те удрив. Не удираше, шамараше. Не знам какви беа движењата на рацете, но ти си добро. Не те повредив. Престани да бидеш бебе, Џони“, вели лутата Амбер во видеото што го донесе Деп како доказ пред судот.

Многу од сведоците на Деп тврдат дека Херд го малтретирала својот сопруг, а неговиот шеф на обезбедувањето донел фотографии на кои, како што тврди, се гледаат модринки на Деп откако неговата сопруга го удрила и му изгаснала цигара на лицето.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести