16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Давидовски и Џиролами го одработија официјалниот тест за ТЦР Европа

На патеката Монца крај Милано викендов се одржа заедничкиот тест на сите возачи кои се пријавени за настап во 2022 година на европското првенство за возила со ТЦР хомологација.

Македонскиот возач Виктор Давидовски се реши на голем чекор и ја прифати поканата од тимот „Comtoyou“, каде што се префрла заедно со својот досегашен тимски колега од „ПСС Рејсинг“, Аргентинецот Франко Џиролами.

Виктор Давидовски

– Тимот е нов, но целите што ги имаме се добро познати. Сакаме да бидеме меѓу првите десет на квалификациите и на секоја трка да се бориме за пласман на подиумот. Автомобилот е нов, а нови се и инженерите со кои ќе соработуваме. На овој тест се обидовме да се запознаеме подобро и да воспоставиме комуникација која ќе не движи напред, бидејќи во овој момент тие ни даваа информации за новото возило, но следува нашиот дел каде што ние треба повратно да им дадеме информации за тоа какви штелувања сакаме. Првата трка во Алгарве, Португалија е за неполни две седмици и посакувам да успееме да ги постигнеме високите очекувања на овој тим што лани беше вице-шампион, а во 2020 година ја освои титулата.

Франко Џиролами

– Многу сум среќен за убавиот прием од нашиот нов тим и од целото тркачко семејство на Ауди. Се обидуваме да го запознаеме возилото што е можно подобро: во некои сегменти е подобро од она што лани го имавме со Хонда, а во некои сегменти ќе се потрудиме да го унапредиме. Верувам дека на патеките со долги правци ќе бидеме поконкуентни, а такви има неколку, почнувајќи од оваа во Монца, па Спа, а слични се и Алгарве и Пол Рикар. Конкуренцијата во ТЦР Европа е голема, тука се најдобрите возачи и знаеме дека нема да биде лесно, но сепак сме оптимисти дека повторно ќе славиме нови победи.

Во календарот за 2022 година се предвидени седум гран при викенди, а во секој од нив по две трки. Сезоната започнува на 30 април во Потугалија, на патеката Алгарве.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести