9.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Германија со помош од 100 милијарди за Украина

Санкциите наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина силно ја погодуваат руската економија, но исто така ги погодуваат и компаниите во Германија, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за економија.

Затоа, министерот за економија Роберт Хабек и министерот за финансии Кристијан Линднер подготвија сеопфатен пакет мерки за да им помогнат на компаниите тешко погодени од војната или санкциите.

„Во сегашната ситуација, краткорочната ликвидност е пред се важна за компаниите. Затоа Владата првенствено ја поддржува ликвидноста на компаниите и секторите“, се вели во соопштението.

Владата ќе понуди заеми во вредност од околу седум милијарди евра на компаниите кои беа негативно погодени од војната преку развојната банка „KfW“.

„Компаниите од сите големини треба да имаат пристап до ниско каматни заеми без обврски“, се вели во документот.

Владата, исто така, ќе ја прошири програмата за гаранција за кредити за пандемијата за да ги вклучи компаниите погодени од војната во Украина.

Тие најавуваат и 100 милијарди евра заеми за компании потенцијално изложени на високи трошоци за енергија.

За компаниите кои трошат многу енергија, Владата планира да финансира дел од трошоците за одредено време.

Тие додаваат дека би можеле да размислат за докапитализација на посебно важните компании преку вложувања во капитал и хибридни хартии од вредност.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести