spot_img
5.8 C
Skopje
сабота, септември 24, 2022
spot_img

Виктор Давидовски останува единствен Македонец во ТЦР Европа првенство

Виктор Давидовски останува единствен Македонец во ТЦР Европа првенството, но во новата сезона ќе се натпреварува како дел тимот „Cometoyou“, кој ја реализира спортската туринг програма на Ауди.

Давидовски повторно ќе биде клупски колега со Франко Џиролами, со кој минатата сезона заедно се натпреваруваа во „ПСС рејсинг тим“, при што Аргентинецот стана вице-шампион, додека нашиот возач беше прв во категоријата на возачи над 40 години и го освои трофејот „Дајмонд“. Тие ќе бидат во друштво на легендата Том Коронел, кој го заокружува триото пилоти на оваа екипа за новата сезона.

По најдобрата сезона во својата кариера во ТЦР Европа, Давидовски прифати нов предизвик со белгискиот тим кој во 2020 година беше шампион во двете категории (возачи и тимови), а минатата сезона го освои второто место во тимска конкуренција.

– Би сакал да му се заблагодарам на Франсоа кој веруваше во мене за сезоната во 2022 година во ТЦР Европа и ми даде шанса да бидам дел од „Comtoyou Racing Теам“ и да го имам возилото на Ауди. Како поискусен и поупатен, заедно со Франко Џиролами, а воедно како дел од пророфесионален тим со новиот модел на Ауди „RS3 LMS“ ќе го дадеме својот максимум за да ја оправдаме довербата. Чест ми е да бидам тимски колега со Том Коронел и Франко Џиролами,- изјави Виктор Давидовски во оваа прилика.

Сезоната во ТЦР Европа започнува на 30. април со трка во Алгарве, Португалија, а ќе заврши со седмата трка, предвидена за 15. октомври во Барселона.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести