Санкт Петербург нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони. УЕФА преку соопштение најави дека годинешното финале на 28 мај ќе се одржи во Париз.
– Извршниот комитет на УЕФА денеска одржа вонреден состанок после тешката ескалација на безбедносната ситуација во Европа. Извршниот комитет на УЕФА одлучи да го премести финалето на Лигата на шампиони 2021/22 од Санкт Петербург на Стад де Франс во Сен Дени. Натпреварот ќе се игра согласно предвидениот распоред во сабота, 28 мај во 21.00 по средноевропско време. УЕФА сака да му ја изрази својата благодарност на Претседателот на Република Франција Емануел Макрон за неговата лична поддршка и посветеност, најпрестижниот натпревар на европскит клубски фудбал да се пресели во Франција во време на криза. Заедно со француската влада, УЕФА во целост ќе ги подржи напорите на повеќе заинтересирани страни за спасување на фудбалерите и нивните семејства во Украина кои се соочуваат со страдање, уништување и раселување, се вели во соопштението на УЕФА.