-3.2 C
Skopje
среда, јануари 11, 2023

Пад на германската економија во четвртиот квартал

Германската економија се намалила во последното тримесечје минатата 2021 година поради заострените мерки во сузбивањето на четвртиот бран на пандемијата на Covid-19, кои ја погодиле личната потрошувачка, покажуваат во петокот прелиминарните процени на статистичкото биро Destatis.

Најголемата европска економија се намалила во четвртиот квартал за 0,7 отсто во однос на претходните три месеца кога активностите пораснале за 1,7 отсто. Активностите на крајот од минатата година заостанувле за 1,5 отсто од претпандемиското ниво, пресметале во Destatis.

Економијата закрепнала во летниот квартал, и покрај засилените проблеми во синџирите за набавка, но закрепнувањето на крајот од годината го запрело четвртиот бран на коронавирусот, кој ја принуди владата повторно да ги заостри мерките за сузбивање на заразите.

Мерките особено тешко ја погодиле личната потрошувачка, којашто била намалена во периодот од октомври до декември, додека државната потрошувачка повторно пораснала, одразувајќи ја континуираната владина поддршка за компанијата и граѓаните. Сманети се и вложувањата во градежниот сектор, известува статистичкото биро.

На годишно ниво активносите во последниот минатогодишен квартал пораснале за 1,4 отсто, по 2,9-процентниот раст во периодот од јули до септември. Destatis, воедно, благо ја зголемил процената на растот за целата 2021 година од 2,7 на 2,8 отсто.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img