„Човекот се чувствува добро со оглед на околностите и е пренесен во болница“, се вели во соопштението на полицијата задолжена за холандската гранична контрола.
Портпаролката на полицијата Џоана Хелмондс изјавила дека возраста и националноста на мажот се уште не се утврдени.
„Нашата прва грижа беше, се разбира, неговата здравствена состојба“, истакнала таа.
„Можам да кажам дека без сомнение е многу невообичаено некој да преживее таков студ на таква височина – многу, многу необично“, рече портпаролката, додавајќи дека полицијата сè уште нема намера да открие за кој авион станува збор.
Преживувањето лет во простор за тркала е ретко, но не и невозможно. Според неодамна објавените податоци од Федералната управа за воздухопловство на САД (ФДА), од 1947 година во САД се обиделе да пристигнат 129 луѓе, а 29 преживеале.
Не е соопштено од која дестинација полетал споменатиот авион за Амстердам, но на комерцијалните авиони од Јужна Африка до Холандија им требаат приближно 11 часа доколку се работи за директен лет.