spot_img
-3.2 C
Skopje
петок, јануари 21, 2022
spot_img

Бил Гејтс: Делта и омикрон на Ковид-19 се едни од најзаразните вируси досега

Гејтс рече дека иако варијантите  делта и омикрон на Ковид-19 се едни од најзаразните вируси досега, во иднина би можеле да бидеме погодени од подеднакво заразен патоген, но со многу повисока стапка на смртност, пишува Фајненшл Тајмс.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и британскиот Wellcome Trust донирале 300 милиони американски долари на Коалицијата за иновации во подготовка за епидемија (CEPI), која што помогнала да се формира програмата Covax, што обезбедува вакцини за земјите со низок и среден приход.

Организацијата работи на собирање 3,5 милијарди долари за да може периодот за добивање на новата вакцина да се намали на само 100 дена. Гејтс рече дека светските приоритети се „чудни“ и дека денес филантропите и богатите влади мора да се вклучат во решавањето на проблемот со нееднаквата распределба на вакцините

„Кога станува збор за трошење милијарди за да се спасат милијарди во смисла на економска штета и десетици милиони животи, би рекол дека тоа е прилично добра полиса за осигурување“, рече Гејтс, истакнувајќи дека таквиот навидум огромен напор, дури и во економска смисла, ќе спречи многу полоша штета.

Гејтс рече дека двајцата главни донатори на развојот на вакцините за време на пандемијата на Ковид-19, ЦЕПИ и американската влада, биле „храбри“ затоа што инвестирале во развојот на потенцијални вакцини.

„На остатокот од светот кој не може да си дозволи такви инвестиции му треба некој на нивна страна. А CEPI е таа организација“.

Џереми Фарар, директор на Wellcome Trust, рече дека CEPI е создаден пред пет години, по епидемијата на ебола.

„Сега живееме, според мене, во ера на почести и сложени епидемии и пандемии“, рече Фарар.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести