spot_img
-1.2 C
Skopje
среда, јануари 19, 2022
spot_img

Шпанија ќе им плаќа на младите за да се иселат од домовите на нивните родители

Министерката за урбанистичко планирање Ракел Санчез на прес-конференција рече дека од овој месец, Шпанците помлади од 35 години, чии годишни приходи се помали од 24.318 евра, ќе можат да аплицираат за месечен надоместок за да можат да изнајмат стан на две години. Таа рече дека оваа поддршка е важна за цените на становите да не бидат пречка за независноста на младите.

Според податоците од минатата година, дури 55% од луѓето на возраст меѓу 25 и 29 години сè уште живееле со своите родители, што ја прави Шпанија една од земјите во Европа со најголем удел на млади луѓе кои се уште не се иселиле од своите родителски домови.

Оваа бројка е силно поврзана со особено високиот број млади луѓе кои не се вработени – дури 29% од оние под 25 години во Шпанија немаат работа. Сепак, според Франциско Инарети, портпарол на Идеалиста, најголемата шпанска веб-страница за недвижности, директните субвенции за киријата можеби нема да ги исполнат владините очекувања, бидејќи има голема побарувачка за мали станови.

„Претходното искуство покажа дека субвенциите директно ги зголемуваат цените на закупнината“, рече тој, додавајќи дека станарите кои заработуваат нешто повеќе од 24.318 евра би можеле да се чувствуваат дискриминирани бидејќи ќе мора да платат уште повисока цена за изнајмување без да добијат поддршка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести