spot_img
-7.2 C
Skopje
петок, јануари 14, 2022
spot_img

Полска со страшно предупредување: Европа е поблиску до војна од кога и да е

Европа е поблиску до војна од кога и да е во претходните 30 години, предупреди во четвртокот полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау во текот на третиот круг од преговорите седмицава чија цел е намалување на тензиите поради руското барање НАТО да престане да се шири и да трупа војски во соседните на неа земји.

Обраќајќи им се на претставниците на 57-те земји членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), шефот на полската дипломатија Збигњев Рау не ја спомена конкретно Русија, но наведе низа судури во коишто според Западот наводно е вмешана Москва.

„Се чини дека опасноста од војна на просторот на ОБСЕ е поголема од кога и да е во последните 30 години. Веќе неколку седмици сме соочени со можноста од голема воена ескалација во источна Европа“, рече Раи во говорот во кој ги изнесе приоритетите на својата земја која годинава претседава со организацијата.

Полска, поранешна членка на комунистичкиот воен блок Варшавски договор а сега членка на НАТО е меѓу најгласните кога станува збор за соочувањето со она што последните денови во западниот речник се опишува како наводни „руски ревизионистички амбиции“ во источна Европа.

„Би требало да се насочиме на мирно решавање на судирот во Украина и околу неа“, додаде Рау повикувајќи на „целосно почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и единството на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници“.

Разговорите во четвртокот во Виена е првиот на кој Украина ќе биде застапена, и тоа само на пониското амабсадорско ниво.

На министерските разговори претходно седмицава меѓу Русија и САД во Женева, и меѓу Русија и НАТО во Брисел не беше постигнат напредок. Москва во четвртокот двата круга разговори ги оцени како „неуспешни“ и дека постојат несогласувања околу основните прашања, но биле водени отворено и директно.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести